еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

Трагедија: Петмина загинати во стравична сообраќајка на влезот на Драчево

Пет лица загинаа во сообраќајка што се случи ноќеска на влезот на скопската населба Драчево, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „рено 5“ удрил во камион за смет на „Комунална хигиена“ во близина на бензинската пумпа на „Лукоил“ на улицата „Борис Трајковски“.

Како што наведоа од МВР на местото на несреќата загинале три лица, а две се пренесени во болница каде им подлегнале на повредите.

Увидот треше до раните утринските часови, а сообраќајот беше блокиран. Од МВР повеќе детали за сообраќајката најавија во текот на денов.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атиџе со моќна порака среде Холивуд: Како што јас споделувам со пчелите, луѓето нека споделуваат едни со други

Редакција

Како да се однесуваме кон кожата за време на летниот период?

Редакција

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето за пласман на Светското фудбалско првенство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница