еМагазин
Image default
Македонија

Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО

Парламентот на Летонија го одобри зачленувањето на земјава во НАТО. Вчера е усвоен нацрт-законот со кој се ратификува протоколот за пристапување на Република Северна Македонија кон Алијансата.

„НАТО обезбедува сигурност за скоро една милијарда граѓани во Европа и Северна Америка. Со пристапувањето на Северна Македонија, ќе има 30 земји-членки – сите подготвени да се заштитат меѓусебно.

Пристапувањето на Северна Македонија во Алијансата, исто така, се очекува да придонесе за зајакнување на регионалната и евроатлантската безбедност“, рече Рихардс Колс, претседател на Комитетот за надворешни работи кој е одговорен за нацрт-законот во Саима.

Оваа информација на Твитер ја објави и Мисијата на Летонија во НАТО.

МИА/Фото:Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот амбасадор Ангелов: Тешко е да се препознае напредок во бугарско-македонските односи

Редакција

На состанок во Охрид направена детална ревизија на македонските и грчките учебници по историја

Редакција

Повеќе од половина милион граѓани вакцинирани против Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница