еМагазин
Image default
Бизнис

Кирил Колемишевски именуван за в.д. главен извршен директор на Македонската банка за поддршка на развојот

На седницата на Надзорниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот одржана завчера е донесена одлука Кирил Колемишевски да биде именуван за вршител на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на банката, информира банката преку Македонската берза.

Мандатот на Колемишевски почнува на 15 мај, а се очекува по давањето согласност од Народната банка да стане главен извршен директор на банката.

Колемишевски доаѓа на местото на Драган Мартиновски на кој му истече манадот.

Фото: Фејсбук/Кирил Колемишевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија во загуба од 121 милиони денари

Редакција

Македонијатурист со загуба во првите три месеци

Редакција

Вработувања во Државниот завод за статистика, плата до 22.500 денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница