еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Почина генералниот директор на Реплек, Душан Туџаров

Генералниот директор и претстедател на Управен одбор на Реплек, Душан Туџаров почина вчера во Струмица. Погребот ќе биде извршен в четврток, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата на Градските гробишта Бутел од 11 до 12 часот.

Туџаров основното и средното образование го завршил во Струмица, а студирал на Фармацетскиот факултет при Универзитет во Белград и се здобил со звање магистер по фармација.

Извршувал повеќе функции меѓу кои комерцијален директор во Алкалоид Скопје, советник на генерален директор на „Крка“, а од 1978 до 2019 година беше генерален директор и претседател на Управниот одбор на Реплек.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кочанчанец кој загубил пет другари во пожарот, се залепи за бандера на плоштадот „Македонија“: „Толку ли брзо не заборавивте?„

Редакција

Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

Редакција

Проф.Трајковски: Изненаден сум од високата вредност на репродукцискиот број, а се зголемува стапката на позитивни тестови и дневните бројки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница