еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Платата за вработените во културата ќе биде исплатена денеска

Тукушто стигна информација дека платата за вработените во културата ќе биде пуштена денеска, информираше актерката Сања Арсовска на нејзиниот фејсбук-профил.

„Изминатиов период беше тежок за сите инволвирани во нивелацијата, како и за сите вработени чии плати доцнеа две недели. И покрај сите препреки и проблеми, на крај сè излезе како што треба.

Честито нови 1.600.000 евра во буџетот за плати за вработените во културата. Не за малиот нокт на Александар Македонски на плоштад, не за опашката на коњот во фонтаната кај Карпошово, туку во плати на живи луѓе, на директните чинители во создавањето и чувањето на уметноста и културата“, напиша Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради нивелацијата доцнат платите за културните работници?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиска поддршка од државата за плати побарале 12.380 компании

Редакција

Од почетокот на годината минималната потрошувачка кошничка пораснала за илјада денари

Редакција

На „акција“ ќе може да се продаваат и поевтинетите производи, но ако причина е рокот на траење, тоа ќе мора да се наведе

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница