еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Партијата на Меркел е против датум за преговори за Македонија во јуни

Партиите на Унијата (ЦДУ/ЦСУ) се против брз почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за приклучување кон ЕУ. Одлука веројатно ќе биде донесена во октомври, вели Гунтер Крихбаум од ЦДУ, пренесува Дојче Веле.

„Додека се донесе одлука ќе дојде октомври“, вели претседателот на Комисијата за европска политика на Бундестагот, Крихбаум од Христијанско-демократската унија.

Тој за агенцијата ДПА оценува дека: „сигурно нема да има ништо“ од позитивно изјаснување на 28-те земји членки на Унијата веќе на средината од јуни.

Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот (СПД), пак, притиска за брз почеток на преговорите.

„Сега ЕУ треба да испорача“, пишува Рот во гостински коментар за весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. „Треба да го одржиме ветувањето“, пишува Рот, кој оценува дека Северна Македонија и Албанија направиле „опиплив напредок“, пренесува Дојче Веле.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ААВМУ: Објавување документи со информации од висок јавен интерес суштинска задача на медиумите

Редакција

Нема да понесам и нема да побарам одговорност, вели Заев за задоцнетите мерки и зголемениот број на заболени од Ковид-19

Редакција

И покрај укинување на забраната за летови од Македонија, се уште не може да патуваме во Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница