еМагазин
Image default
Македонија

Џафери за „бомбите“: Забранети и казниви работи нема што да коментирам

Забранети и казниви работи нема што да коментирам, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери одгвоарајќи на новинарско прашање во врска со телефонските разговори објавени во јавноста во кои наводно се слушаат гласови на членови на ДУИ, партија чиј член е и првиот парламентарец.

Запрашан дали ќе постaпи како пратеникот Павле Богоевски, во случај за него да се објават снимки од прислушувани разговори во кои има индииции за криминал со оглед на тоа дека ДУИ станува таргет на објавување на „бомби“, Џафери рече дека не сака да коментира хипотетички ситуации ниту пак да се споредува со Богоевски.

Претходно, на редовната месечна средба со новинарите, претседателот на Парламентот одговарајќи дали би повикал на одговорност одредени нивни функционери, рече дека имајќи предвид оти е на оваа функција нема право на одлучување во органите на ДУИ.

– Немам право да се мешам во тоа. Јас сум претседател на Собрание, партијата има свој претседател и има органи. Тоа е веќе внатрешна работа, рече, меѓу другото, Талат Џафери.

МИА/Фото: Собрание

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев не слушнал за новите „бомби“

Ел Чека објави нова „бомба“ за „Монструм“

Никола Тесла, Илија Громовник, Ел Чека: Кој е следниот што ќе објави нови „бомби„?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бранко Црвенковски во препознатлив елемент на „претседателска“ вечера во Скопје

Редакција

Фетаи: Очекувам посилно темпо во борбата за правда и против криминал

Редакција

Српскиот патријарх Порфириј: Браќата од Македонија се вратија во единство и тоа го гледаме како чудо

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница