еМагазин
Image default
Македонија

Али Ахмети и Муса Џафери го загубија спорот со Слободан Богоевски

Тричлениот судиски совет на скопска Апелација, на денешната јавна објава на пресудата за тужбата за клевета и навреда на Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски, соопшти дека тужбеното барање на тужителите се одбива, пренесува А1он.

Судот ја прифати жалбата на Богоевски и ја преиначи пресудата за клевета и навреда.

Апелација предметот го судеше по втор пат. Ахмети и Џафери имаат право на ревизија до Врховниот суд.

Во сведочењето пред американскиот суд, Богоевски, меѓу другото, потврди дека двајцата високи функционери на ДУИ примиле мито од „Маѓар телеком“ од по 2,5 милиона денари. Ахмети и Џафери тужеа поради ваквото тврдење и бараа отштета од 90.000 евра, но се откажаа од надоместокот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Меѓународна потерница за Груби и Бајрами

Редакција

Антикорупциска: Незаконски доделени грантови на трговско друштво, чиј сопственик е вработен во АЕК

Редакција

Дисциплинска постапка за две лица вработени во УБК: Пронајдена марихуана кај нив

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница