еМагазин
Image default
Бизнис

Од утре стартува дигиталната царина

Дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) стартува од ноќеска на полноќ. СОЦДАД е систем кој е во ранг на најсовремените системи што се користат од страна на земјите членки на ЕУ, и со негова примена, нашата земја е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија, информираат од Царинската управа.

Со имплементацијата на новиот систем, кој претставува предуслов за понатамошно развивање на дигиталните решенија и услуги, значително се поедноставува работата на сите учесници во царинската и надворешно-трговската постапка во ефикасна и модерна царинска околина.

Царинските постапки кои досега се реализираа на хартија ќе бидат заменети со електронски постапки.

За економските оператори, пак, ова значи намалување на времето на поднесување декларации, поедноставување на процесите и значително намалување на трошоците.

Сите процеси се автоматизирани со што се намалува можноста за човечки грешки, како и ризикот од недозволени дејствија и корупција.

До новиот систем, економските оператори можат да пристапуваат преку сопствени системи или со користење на Порталот за трговци на Царинската управа кој е достапен без надомест.

За непречено поднесување на царинските декларации во новиот систем, од Царинската управа апелираат до сите економски оператори навремено да проверат дали ги исполнуваат основните услови, односно да поседуваат електронски потпис (сертификат), да имаат одобрен пристап до СОЦДАД, а доколку поднесуваат декларации како застапници, потребно е во СОЦДАД да побарале и добиле Одобрение за застапување.

Предуслов за ова е претходно најмалку еден вработен да побарал и добил лиценца за застапување во СОЦДАД.

Сите одобренија поврзани со царински постапки, како што стои во соопштението од Царинската управа, мора претходно да бидат обезбедени во СОЦДАД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Битолски СН Брокер лани со зголемена добивка

Редакција

Колку пари лани чувале граѓаните и фирмите во Стопанска банка Скопје

Редакција

Дополнителни 345 милиони евра за изградба на пругата кон Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница