еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев ги пречека ракометарите во Владата: Ќе доделиме 600.000 евра на Вардар

„Добредојде за Вардар, за играчите и за управата, во Владата. Ви честитам за титулата европски шампион. Ви благодарам за среќата и радоста кои ни ги приредивте. Вие сте шампиони на нашите срца!“, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук-профил по повод приемот на ракометарите и сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко и претседателот на ракометната федерација, Живко Мукаетов.

„Среќни сме што постои клубот и сакаме да опстане. Затоа, ќе предложам на седница на Влада да доделиме 500.000 евра како награда за постигнатиот успех, а дополнителни 100.000 евра ќе додели и Агенцијата за млади и спорт.

И веднаш, уште од денеска се посветуваме на мерките кои ќе ги преземеме за стабилност на клубот на исто ниво на кое е сега, но и за развој и успешна иднина понатаму.

Ќе се посветиме да изнајдеме начин за натамошната работа преку законски решенија и со помош на државните институции. Вие им носите радост на граѓаните, а државата ќе возврати со влог во иднината на македонскиот ракомет и македонскиот спорт. Честитки Вардаре!“, напиша Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо пренос од историскиот меч на Вардар, во живо од пречекот: Кво вадис МРТ?

(Видео+фото) Како градоначалникот Петре Шилегов го „виде“ пречекот на ракометарите на Вардар

„На плоштад Македонија умре Северна“: Твитер реакции за дочекот на Вардар во Скопје

(ВИДЕО) За шампионот Вардар во Скопје во кафана се фрлаа и маси

Фото:Фејсбук/Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проширувањето на Западен Балкан во 2030 година е реална, но амбициозна цел, смета Мишел

Редакција

Машинскиот персонал во бојкот, железничкиот сообраќај во прекин

Редакција

Обвинителство: Нема поврзаност на приведениот со дојавите за бомби во средните училишта

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница