еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети не ги слуша „бомбите“, бара надлежните да спроведат истрага

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска изјави дека ниту ги слушал, ниту има намера да ги слуша прислушуваните разговори што беа објавени на Фејсбук профилот „Ел Чека“.

Ахмети во обраќањето на одбележувањето на 17-годишнината од основањето на ДУИ, кажа дека во државата има надлежни органи кои треба да спроведат истрага и да го расчистат случајот.

– Во оваа држава има органи и ние побаравме да се отвори истрага, но не да се употребуваат и злоупотребуваат на црниот пазар прислушувани приватни разговори кои се продавале на Бит пазар, во Софија, Истанбул… Зошто не се објавуваат службени разговори на Али Ахмети? Зарем за 17 години јас немам службени разговори со ниту еден функционер? Но не, не се објавуваат службени разговори. Но, и овие работи ќе поминат, затоа што луѓето не се занимаваат со бескорисни работи, рече Ахмети.

Ахмети побара судските органи да не спроведуваат селективна правда, не само во овој случај, туку и во сите други случаи.

– Оваа земја има потреба од правда, а не да се молчи пред работите што бараат ред и решенија – додаде Ахмети.

МИА/Фото: ДУИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел ги има и СЈО: Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

„Ел Чека“ не мирува, објави нови „бомби“ и повторно му се заканува на Заев

Обвинителство побарало од надлежните органи од САД, да го спречат објавувањето на „бомбите“ од „Ел Чека“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОН препорачува скратени часови за основците, до 17. јуни

Редакција

Стојков од „Илинден“ Пирин: Македонците во Бугарија се третираат како државен непријател

Редакција

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница