еМагазин
ЖИВОТ

Конечно од утре сонце и топло

Под влијание на топла воздушна маса од југ од утре следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температурата утре ќе се движи од 10 во Берово до 16 во Гевгелија, додека максималната температура ќе биде меѓу 24 во Маврово до 33 во Гевгелија. Во Скопје слично време со температури од 13 до 30 степени.

За време не викендот не очекува променливо облачно време со температури од 28 до 35 степени.

Од понеделник не очекува облачно време со температури од 25 до 33 степени, проследено со грмежи и краткотраен дожд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зошто јогуртот со пробиотици e толку потребен во летните месеци

Редакција

Како да извадите сертификат за трета доза вакцина

Редакција

Мајка си е мајка: Видео од мечка која скока во Пена кај Бродец за да си го спаси мечето, хит на социјалните мрежи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница