еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Вечерва се отвора Викенд на гордоста, фестивал за квир-култура и уметност

Седмиот по ред Викенд на гордоста Скопје, фестивал за квир-култура и уметност, почнува вечерва во Музејот на современа уметност, од 21 часот.

Овогодишниот Викенд на гордоста се отвора со перформансот на Рон Ејти — Акефално чудовиште, култен уметник кој во последните 40 години направи тектонски поместувања со неговите перформанси во рамки на изведувачките уметности и body arts.

„Носечката идеја зад Викендот на гордоста 2019 е Glittering wounds (светкави рани). Со оваа идеја сакаме да ги истражиме и да ги проблематизираме современите хегемониски политички имагинации и практики на изолираниот, посесивен, децизионистички, приватизиран, рационален и самодостатен субјект, и нивната испреплетеност и конститутивна зависност од нормативните рамки и репрезентации на родот, сексуалноста, расата, класата и неолибералната капиталистичка идеологија.

Од друга страна, целта ни е да презентираме и да ги промовираме различни нехегемониски светоградечки проекти и историските, социјални и политички проживеани искуства на “настраните” и жените, како извори на алтернативни социјални и демократски хоризонти засновани на релационоста, солидарноста, грижата, афективноста и трансформативноста, отаде идентитетската препознатливост“, велат организаторите.

Во рамки на фестивалот публиката ќе има прилика да се запознае со некои од најзначајните совремни уметници, и да проследи перформанси на Boychild, Рејчел Јанг и Марикискрајкрајкра, промоција на постхумно издадениот превод на Огнен Чемерски на книгата “Како да се биде геј” на еден од основоположниците на квир теоријата – Дејвид Халперин, изложба на Дел Лагрејс Волкано, спектакуларно дрег шоу на 12 кралици од Берлин, Белград и Скопје, како и традиционалното Срамота на ПичПрич.

Викендот на гордоста Скопје оваа година се одржува во периодот 7-9 јуни и 14-15 јуни.

Деталната програма на фестивалот може да ја проследите на: coalition.org.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Премиера на „Браќа Карамазови“ во режија на Дејан Пројковски во Народниот театар во Софија

Редакција

(Видео) All Stars спот на „Паскалин“: Најдобрите го избираат најдоброто

Редакција

(Видео) Четврти подвиг летово: Младиот Марко Пејчиновски преплива 30 км од Струга до Св. Наум

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница