еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот Пендаровски e за помалку изборни единици и отворени листи

Претседателот Стево Пендаровски, дава поддршка на иницијативaтa на неколку политички партии, доставени во изминатиот период до неговиот кабинет за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик, за создавање пропорционален изборен модел со отворени листи и намалување на бројот на изборни единици на територијата на државата.

“Претседателот Пендаровски ги повикува политичките партии, и од власта и од опозицијата, да ја разгледаат можноста за реформа на изборниот модел преку измена на Изборниот законик и со политички консензус да се постигне договор за пропорционален изборен модел со отворени листи, каде граѓаните ќе имаат можност да избираат не само политички партии, туку и поединечни кандидати, се вели во денешното соопштение од кабинетот на претседателот.

Поаѓајќи од неговите заложби во изборната програма, претседателот Пендаровски смета дека во земјава треба да има помал број на изборни единици, без праг или со минимален праг на потребни гласови, а во функција на проширување на политичкото претставување во Собранието.

Пендаровски смета дека демократскиот развој, еднаквоста, владеењето на правото и правото на фер и слободни избори се важен фактор за просперитетот на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И СДСМ е за помалку изборни единици со отворени листи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта и опозицијата во Албанија против формирање на општините Гора и Голо Брдо, населени со македонско население

Редакција

Четворица насилници упаднале во 1ТВ барајќи го Сергеј Варошлија

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница