еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Зошто медиумите „полудеа“ по Моника, сопругата на чешкиот претседател Андреј Бабиш

Моника Бабишова (44), сопругата на чешкиот претседател, Андреј Бабиш, кој беше во посета на земјава е секогаш во центарот на вниманието, а медиумите ја обожаваат.

Има и зошто. Таа изгледа прекрасно, важи за една од најубавите претседателски сопруги и е модна икона.

Со Бабиш се заедно околу дваесетина години и имаат две деца. Речиси секогаш се појавува со својот сопруг на јавни настапи, а активна е и на Инстаграм.

Со претседателот на Чешка се запознала кога работела за него.

Бабиш пак медиумите го нарекуваат „чешкиот Трамп“, поради неговото богатство кое се проценува на 4.1 милијарди долари. Во негова сопственост се два весника, најголемото радио во Чешка и ресторан со „Мишелин“ ѕвезда.

Моника која е 20 години помлада од него е втората причина зошто го споредуваат со американскиот претседател Доналд Трамп, кој е во брак со помладата Меланија.

Фото: Инстаграм/Бабишова.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Интрасофт интернешнл“ го доби тендерот на Царинската управа за информатички услуги вреден 652.000 евра

Редакција

Дебакл на Меркел за македонското прашање: Проширувањето на ЕУ преоѓа во рацете на Португалија, па на Словенија…

Редакција

Отворени електронски адреси за пријавување врсничко насилство

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница