еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Јелена Јованова во првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“

Првиот македонски филмски мјузикл „Црно-Бело“ во режија на Сандра Ѓоргиева ќе биде прикажан на отворена проекција на 18 јуни (вторник), 20 часот во кино Фросина, МКЦ – Скопје.

Филмот ја следи приказната на Јована, која ја игра познатата актерка Јелена Јованова. Јована е млада жена вработена во туристичка агенција. Таа е вредна работничка  и ги исполнува барањата на сите, со цел да биде прифатена и признаена од соработниците.

Но, и покрај својата посветеност и напорна работа, таа е непочитувана и нецената од нив. Со нив таа води имагинарна војна преку музика  и танц. Музиката која е специјално продуцирана за овој филм ја следи приказната на Јована.

Црно-Бело“ е дипломски филм на Сандра Ѓоргиева, студент на Катедрата за филмска и ТВ монтажа, во класата на проф. м-р Лазар Секуловски и доц. м-р Владимир Павловски. Филмот е во продукција на Факултетот за драмски уметности Скопје, копродукција „Мунлајт“, со поддршка од Агенција за филм.

Сценариото, режијата и монтажата се на Сандра Ѓоргиева, директор на фотографија е Дарко Елек, композитор Филип Стевановски (ФИС Студио), музички текстописец Тамара Котевска, кореографијата е на Ирена Лозинска и тонската обработка на Сашко Потер Мицевски.

Aктерската екипа ја сочинуваат: Јелена Јованова, Јордан Симонов, Жаклина Петровска, Жарко Димовски, Дејан Лилиќ, Миа Трпезановска, Анџелина Симоновиќ, Благојчо Стојанов, Наталија Теодосиева, Ангела Стојановска, Марко Илиќ, Дритон Вејсели, Стефан Петровски, Ангела Димитрова, Христијан Поп-Симонов, Васко Костовски, Кујтиме Ахмети, Дритон Незири, Никола Колев и децата од драмското студио на „5+“.

Сандра Ѓоргиева  е потпишана како режија и монтажа и на филмот “Зелени ѕидови, црна храна” кој влезе во официјална селекција Сараевскиот филмски фестивал во 2015та година. Таа е и дел од екипата на тв сериите „Преспав“ и „5+ Фамилија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Зборовите имаат тежина” на Идеа Плус Скопје – меѓу најдобрите 25 проекти на BalCannes во регинотот за 2019 година

Редакција

Убава вест: Младиот Никола за кој се сплоти цела Македонија победи во битката со ракот

Редакција

Слатки задоволства и уште послатки награди на „Чоколенд“ во Веро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница