еМагазин
Image default
Локално

МВР со детали за крвавото убиство во Скопје: Братучед ја заклал додека го бранела сопругот

На 14.06.2019 година во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во куќа на ул.„Јуриј Розентал“ во населба Шуто Оризари, при семејна расправија, со остар предмет  и биле нанесени убодни рани во стомакот на А.Ѓ.(34) од Скопје, информира МВР.

Од здбиените повреди таа починала на местото. По преземени мерки било констатирано дека околу 22.00 часто настанала расправија и физичка пресметка помеѓу нејзиниот братучед С.Х.(39) и нејзиниот сопруг С.Х.(37).

Кратко после тоа, нејзиниот братучед заминал и набргу се вратил со нож во раката. Тогаш повторно настанала расправија и за да не биде нападнат нејзиниот сопруг, А.Ѓ. се испречила пред С.Х.(39), кој со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.

С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Задушница

Редакција

Неконтролираното крадење на струја го остави Грчец без струја

Редакција

(Галерија) Во скопски Центар отворена најмодерната градинка во Македонија, еве како изгледа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница