еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Маџар телеком“ на СЈО

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето против поранешниот генерален и поранешниот финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, познат како „Маџар телеком”.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска од Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Постапката се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од обвинителството.

Судењето за „Маџар телеком“ почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле „Македонски телеком“ и Буџетот на Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Катица Јанева денеска треба да сведочи за „Рекет“

Редакција

Судење за „Тортура“: Обвинението се темели на голи претпоставки, смета одбраната на Сашо Мијалков

Редакција

Радев и Петков на средба со Макрон за повлекување на бугарското вето за Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница