еМагазин
Image default
Македонија

Заев в недела ќе го достави предлогот за реконструкција до Собранието

Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека во недела попладне до Собранието ќе го достави предлогот за реконструкција на Владата. Тогаш, како што рече, ќе ги соопшти деталите околу имињата и ресорите.

– Нашата земја денеска, утре и во недела претпладне е домаќин на Конституенцата на повеќе од 15 министри за финансии, гувернери, тројца потпретседатели на Светската банка и двајца потпретседатели на Меѓународниот монетарен фонд.

Сакаме да се покажеме во најдобро светло и тоа е главната причина. Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата, изјави Заев.

Паралелно со ова, како што истакна, се работи и на вториот бран со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Во однос на промените што се прават внатре во Социјалдемократскиот сојуз, Заев информира дека останува да се именуваат потпретседателите на партијата и уште 20-тина претседатели на општинските организации на партијата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре изутрина завршува полициски час: Ќе има ли негово продолжување и зголемување

Редакција

Инаугурацијата на новиот претседател Пендаровски на 12 мај

Редакција

Играорецот вели дека Охрид е албански град, затоа ставил албанско знаме на Самоиловата тврдина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница