еМагазин
Image default
Бизнис

Ангеловска-Бежоска: Во нашиот регион, учеството на најбогатите 10% во вкупниот доход е околу 29%

Гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска во говорот одржан на состанокот на Конституенцата е на тема „Како до поправеден систем за сите?“ рече дека зголемувањето на доходовната нееднаквост, почнувајќи од 1980 година е глобален феномен речиси секаде, иако со различен интензитет во различни земји.

„Инаку, во нашиот регион, учеството на најбогатите 10% во вкупниот доход е околу 29%, што е помалку во однос на Западна Европа. Но и ние, следејќи ги политиките и препораките на ММФ и Групацијата на Светската банка треба да бидеме двигатели на процесите коишто треба да доведат до поправеден систем за сите.

Особено е важно сите ние, како носители на економски политики, да го насочиме нашето внимание кон осмислување и спроведување реформи за посилен и поинклузивен економски раст, што, пак, би довело до поеднаква распределба на доходот во светски рамки,“ истакна Ангеловска-Бежоска.

Притоа, таа изрази надеж дека во блиската иднина ќе бидеме сведоци на намалување на јазот во приходите и на намалување на нееднаквоста во општествата во земјите од Конституенцата, што ќе придонесе тие да бидат попрoсперитетни и поправедни. Но, и укажа дека за да се случи тоа, неопходна е решителност, посветеност и визија од носителите на политиките.

Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М.Г. Фешн која неодамна продаде, сега купи нови 50.912 акции на Македонијатурист

Редакција

„Неоком“ го доби тендерот на Министерството за информатичко општество за cloud платформа

Редакција

„Нова стоковна куќа“ ја зголеми добивката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница