еМагазин
Image default
Локално

(Фото) За 24 часа регистрирани два случаи на фрлен медицински отпад во контејнери на булеварот Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, Инспекторат на град Скопје и екипите на ЈП „Комунална хигиена“ регистрираа два случаи на незаконско одлагање медицински отпад во контејнерите поставени на булеварот Македонија (поранешен Јужен булевар), информираат од Град Скопје.

„Еко-патролата, во координација со комуналните редари на Град Скопје и Државниот санитарен инспекторат, ги отстрани садовите врз коишто беше извршено темелно чистење и дезинфекција“, велат од Град Скопје.

ЈП „Комунална хигиена“ апелира до правните субјекти коишто во рамките на својата дејност создаваат медицински отпад, истиот да не го исфрлаат во садовите поставени на јавни површини, затоа што на тој начин го загорзуваат здравјето на вработените во јавното претпријатие и ја контаминираат непосредната околина.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Само во Македонија: Скопјанец од затвор измамил угостител лажејќи дека му се родил син

Редакција

(Видео) СДСМ со ВМРО-методи: Полноќно сечење на зеленилото во Аеродром

Редакција

Лишен од слобода гостиварец кој поседувал кеса со хашиш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница