еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемување на цената на дизелот, еуросупер БС-98 и екстра-лесното масло

Малопродажната цена на дизелот, екстра -лесното масло за домаќинство и Еуросупер БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар. Цената на Еуросупер БС-95 останува непромента.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика цената на Еуросупер БС-95 останува 67 денари за литар, на  Еуросупер БС-98 ќе изнесува 69,50 денари, на Еуродизелот 60,50 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50 денари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,144 отсто или за 0,85 долари за тон, кај дизелот зголемување во просек за околу 1,846 отсто  или 10,20 долари, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 1,896 отсто или за 10,25 долари и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,322 отсто или за околу 1,25 долари.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,68 денари и е за 0,504 отсто повисок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сметките за парното греење во Скопје остануваат исти

Редакција

Како работеше Стопанска банка Битола, за која Комерцијална започна анализа за можно присоединување, во првиот квартал

Редакција

ММФ отвора регионална канцеларија во Виена за Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница