еМагазин
Image default
Македонија

Влатко Ѓорчев го бранеше Драган Тевдовски: Заев ги брка неистомислениците

Расправата за предложената реконструкција на Владата вчера помина во остри реплики и контрареплики меѓу опозицијата и власта.

Пратеникот Влатко Ѓорчев обвини дека се тргаат луѓе кои се неистомисленици. Говореше за оставката на заменик-министерот за образование Петар Атанасов и за разрешувањето на министерот за финансии Драган Тевдовски кое, според него, е погрешно.

„За Драган Тевдовски може било кој што да каже, но сите знаеме дека е чесен. Драган Тевдовски има образ и е чесен. Не се согласувам со неговите политики и неговиот концепт, но во оваа Влада има барем 10-15 министри на кои местото им е да им се побара оставка. Цела оваа метла се сведе на тоа Драган Тевдовски да го изгуби ресорот“, рече Ѓорчев.

Во репликата, премиерот Зоран Заев појасни дека проценил оти Атанасов во моментов не може да ја извршува министерската функција во Министерството за образование.

– Не е соодветно време тој да ја преземе палката на Министерството за образование. Ги знам и предностите, ги знам и слабостите. Така сум оценил, истакна Заев.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владината реконструкција станува фијаско: „Метлата“ го зафати и Заев

Што пишува во биографијата на разрешениот министер за финансии, Драган Тевдовски

И Јована си заминува со Тевдовски од Министерството за финансии

Заев: Задоволен сум од работата на Тевдовски, но јас сакам да спроведем храбри чекори

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Запленета дрога во вредност од околу 350.000 евра: Пресечен меѓународен канал за шверц на наркотици

Редакција

Нови 1.161 случаи на Ковид-19 од 3.114 тестирања

Редакција

Следната недела нова рунда преговори за политичкиот пакет прашања со Бугарија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница