еМагазин
Image default
Македонија

Обвинителот Бубевски: СЈО го држат во вештачка кома

Законодавецот и општеството во овој момент Специјалното јавно обвинителство (СЈО) го држат во некаква вештачка кома, истакна денеска јавниот специјален обвинител Гаврил Бубевски одговарајќи на новинарско прашање во врска анкетата чии резултати покажуваат пад на довербата на јавноста кон СЈО.

Тој рече дека не постои некој драстичен пад споредено со претходната анкета.

„Но, и разбирливо е сето ова, затоа што и законодавецот и општеството во овој момент СЈО го држат во некаква вештачка кома.

Со одлуката на Врховниот суд, со непостапувањето и по едно од обвиненијата во судот, се чувствува дека одлуката на Врховен си нашла свој пат и во овој момент освен судење за тие обвиненија што сме ги поднеле во рокот до 30 јуни, ние освен документација што прибираме, немаме други активности и со самото тоа нормално е луѓето да немаат доверба во нашата работа.

Но, тоа многу брзо ќе се крене само да ги добиеме можностите“, рече Бубевски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителот Бубевски: Детето на Јанкулоска полни една година, недозволиво е и понатаму да се одложува издржувањето на казната

Анкета: 51,3% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, 57,1% немаат доверба во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.082 случаи на Ковид-19, во Скопје 406

Редакција

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Никола Груевски во Скопје

Редакција

Француски медиуми: Заев поднесе оставка поради блокирање на евроинтеграциите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница