еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Опасност од пожари: Не очекува пекол со температури над 35 степени

Под влијание на топол бран што ќе ја зафати нашата држава од денеска се очекува многу топло време со температури кои на повеќе места ќе го надминат 35-тиот степен.

За денеска, синоптичарите најавуваат температури над 30 степен, а веќе утре и задутре на повеќе места максималните температури ќе бидат над 35 степени. Од среда до петок во попладневните часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Поради најавите за топлотен бран, од Дирекцијата за заштита и спасување вчера апелираа да се почитуваат превентивните мерки за заштита од шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Се апелира до граѓаните да не фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не се пали оган на отворен простор и во шума, како и да не се палат стрништа и меѓи.

На граѓаните им се препорачува доколку забележат пожар, веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров никако да стигне до Букурешт: Авионот од Виена не можел да слета поради магла

Редакција

(Галерија) Сите скопски пожарникари се вакцинираа против Ковид-19: „Секогаш на прва линија“

Редакција

Сончево и топло време денеска, до 33 степени

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница