еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Францускиот претседател Макрон: Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ќе блокира секакво проширување на Европската унија, откако земјите членки не успеаја да се договорат за именување кадар за раководните функции во Унијата.

– Скептичен сум кога ни објаснуваат дека иднината на ЕУ е во ново проширување, кога ние 28 не можеме да се договориме. Одбивам секакво проширување пред длабока институционална реформа на ЕУ – изјави денеска Макрон.

Изјавата на Макрон доаѓа откако лидерите на 28-те земји членки на ЕУ не успеаја да се договорат околу кандидатите за водечките позиции на институциите на Унијата, поради што по 18-часовни разговори го прекинаа Самитот започнат синоќа и неговото продолжение претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск го закажаа за утре.

Западните медиуми потсетуваат дека одлуката за добивање датум за почеток на преговори за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија е одложена за октомври.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини во мај предупреди дека доколку со овие две земји наскоро не почнат преговори за членство тоа „ќе ја поткопа стабилноста и сериозно ќе наштети на натамошните реформи“.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прекинат Самитот на ЕУ, лидерите неможат да се договорат кој ќе ја води Унијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Картонски полицаец не може да земе мито“: Макетата на МВР која ќе „заплашува“ возачи хит на Твитер

Редакција

Еуфорија на Твитер за пласманот на ЕП: „Влеговме во Европа, ама со фудбал„

Редакција

Ковачевски и Донев го осудија инцидентот во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница