еМагазин
Свет

Во Шведска од денеска забрането пушење и на отворено

Во Шведска денеска стапува на сила забраната за пушење на отворено на некои јавни места, како што се игралишта и перони на железничките станици.

Со новите правила, исто така, се забранува пушење во отворените делови на рестораните, како и во сепарињата за пушачи.

Забраната вклучува и електронски цигари.

Официјалните податоци покажуваат дека во 2016 година, 11 отсто од 10 милиони жители на Шведска пушеле, додека 10 отсто пушеле повремено.

Шведска во 2005 година го забрани пушење во барови и ресторани.

Целта на новиот закон е до 2025 година пушењето целосно да биде забрането во таа скандинавска земја.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавена снимка од евакуацијата на словачкиот премиер откако беше застрелан

Редакција

(Фото) На неделата на дизајн во Милано, објавена соработката меѓу IQOS и италијанскиот дизајнерски бренд SELETTI

Редакција

(Видео) Товарен брод удри во мост во Балтимор, автомобили завршија во реката

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница