еМагазин
Локално

Крвав напад во тетовско: Татко му нанел убодна рана на синот

На 30.06.2019 околу 20.40 часот било пријавено дека во с.Желино, тетовско, при семејна расправија, Ф.Р.(56) од село Желино со остар предмет му нанел убодна рана на неговиот син Р.Р.(23), информира МВР.

Според пријавеното, додека Р.Р. бил во друштво со Ф.А.(19) од село Боговиње во своето возило, дошол Ф.Р. со нивен роднина Е.Р.(31) од село Желино и физички ги нападнале.

Според пријавеното, во еден момент Ф.Р. го удрил Р.Р. по раката и со остар предмет му нанел убодна рана. Р.Р. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ -Скопје.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа при СВР Тетово. Ф. Р. и Е. Р. биле приведени и задржани во СВР Тетово и по целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три настани за сите заинтересирани за вработување во Словенија

Редакција

Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Редакција

Едно лице загина, три се повредени откако возило се преврте на автопатот Неготино – Демир Капија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница