еМагазин
Image default
Локално

(Фото) ЈП „Паркови и зеленило“: Толку ли не си го сакаме својот град, што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво

ЈП „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од украдено цвеќе од цветните леи во Градски парк.

„Апелираме, укажуваме, молиме, поправаме, расчистуваме, обновуваме и повторно уништено и украдено цвеќе од цветните леи во Градскиот парк. Толку ли не си го сакаме својот град што постојано тежнееме да го лишиме од она што е убаво?

Или можеби станува збор за недоволна едукација на младите, чии раце би требало да изградат посветла иднина и пријатна животна средина.

А и за што друго ни се дадени рацете ако не за да и дадеме вредност на Земјата и да оставиме зад себе нешто добро и убаво?!“, велат од „Паркови и зеленило“.

фото: Фејсбук-профил на ЈП „Паркови и зеленило“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Редакција

Тетовчанец физички ја нападнал сопругата: Семејното насилство стана редовна појава

Редакција

По прекинот на работа KFC во Скопје Сити мол повторно е отворен, пилешкото месо стигнало

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница