еМагазин
Image default
Македонија

Директорот на АВМУ, Трајчевски во првите шест месеци потрошил 4.443 евра, од кои најголем дел за патувања

Согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса за објавување на трошоците на директорот Зоран Трајчевски на секои шест месеци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, известува дека, во периодот од јануари до 30 јуни 2019 година, Трајчевски при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 273.231 денари (4.443 евра).

„При патувања во странство – 195.153 денари од кои за авионски билети – 90.272 денари, за хотелско сместување 104.881 денари, трошоци за репрезентација во Република Македонија (угостителски услуги) – 59.809 денари, за службен мобилен телефон 18.269 денари“, се вели во соопштението на АВМУ.

Фото: Фејсбук/ Трајчевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 1.035 болни од Ковид-19

Редакција

Границите со Србија и Косово засега остануваат отворени

Редакција

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница