еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Денеска беше пуштена новата автопатска делница Миладиновци-Штип која е долга 47 километри. Во изградбата на овој автопат се вложени 177 милиони евра.

Автопатот е широк 27,4 метри, има четири ленти од 3,75 метри и две ленти за застанување од 2,5 метри. Проектираната брзина е 130 километри на час.

По должината на автопатот има седум клучки. Летово, според најавите, ќе се градат планираните две патарини на автопатот, кај Кадрифаково и кај Свети Николе.

Долж автопатот е поставена челична одбојна ограда, мрежа за заштита од животни, оптички кабел, звучни бариери, службени премини.

Изградбата на автопатот ја почна претходната Влада, во февруари 2014 година и според проектот и плановите тој требаше да биде готов до март 2017 година.

По промената на власта надлежните институции соопштија дека има бројни пропусти во изградбата и незавршени активности, по што беа склучени два анекса на Договорот за изградба со изведувачот кинески „Синохидро“.

МИА/Фото/Видео: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со официјална церемонија пуштен во употреба автопатот Миладиновци-Штип

Се скараа кој го изградил автопатот Миладиновци-Штип како од џеб да ги дале парите

Груевски со поздрав од Будимпешта: „Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен автопатот Скопје-Штип!“

Се воведува патарина на новите автопатишта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција

Редакција

(Видео) Ечеше „Бела чао“ наместо повик за молитва од џамии во Турција

Редакција

Топ пет професи со највисоки плати

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница