еМагазин
Image default
Локално

Акција на МВР: За пет часа „уловени“ четиресетина алкохолизирани возачи во Скопје

Во периодот од 00.00 часот до 05.00 часот на 07.07.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, информира МВР.

Притоа, кај 38 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 41 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 13 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

Редакција

Мајката со детето го напушти Кавадарци: Тепачката во која беше убиен маж била поради старателство врз дете од вонбрачна заедница

Редакција

Крвава тепачка со нож во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница