еМагазин
Image default
Да помогнеме

На девојкава ѝ се распаѓа колкот трпи болки, потребни се 5.500 евра за артроскопска операција

Млада девојка има потреба од операција на колк, потребни се 5.500 евра.

Нејзиниот апел за помош го пренесуваме во целост:

„Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години.

Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк, кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза и синовитис која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена.

Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа.

За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк.

Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на Балканот за таа дијагноза.

Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5.500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман.

Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.

Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас.

Телефони за донација:

T – mobile 143 123

Жиро сметка: 270700042513594
со цел на дознака “донација за Стаменка”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собрани се потребните средства за девојката за која упативме апел за потребите за операција на колк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вклучете се во акцијата за бесплатно сместување и активности за социјално загрозени деца, деца со посебни потреби и деца на самохрани родители

Потребна е помош за лекување во САД: Мартин боледува од редок и агресивен тип на тумор што ја уништува коската на првиот пршлен

Редакција

Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, потребна е помош

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница