еМагазин
Image default
Македонија

Кривичен суд: Наместо да го напаѓа судот, ОЈО да си погледне во сопствениот „двор“

Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, се вели во писмената реакција од Основниот кривичен суд Скопје, во однос на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Од Основниот кривичен суд Скопје на Обвинителството му порачуваат, наместо редовно и неосновано да го напаѓа судот и судиите после секоја судска одлука од која не се задоволни, да си погледне во сопствениот „двор“.

– Судот и судиите работат согласно законските одредби, го почитуваат начелото на еднаквост на оружјата, уставно загарантираните права и слободи и одлучуваат врз основа на доказите и аргументите, а не врз основа на лични желби на странките во постапката, а секоја првостепена одлука на Кривичниот суд се преиспитува од повисоките судски инстанци, по изјавена жалба од незадоволната страна.

Како суд бараме во иднина обвинителството да се однесува со повеќе почит кон судиите и судиската функција, нивните коментари и изјави да се во рамки единствено на нивните надлежности, а не на паушални обвинувања, се вели во соопштението од Основен кривичен суд – Скопје.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, вчера на прес-конфернеција, на новинарско прашање за последната одлука во делот на противправното градење, односно како Судот ја толкува таа одредба, за случајот „Тревник“, рече дека на такви судии не им е местото во правосудството.

– Мислам дека на такви судии не им е местото во правосудството и веројатно Судскиот совет ќе треба по соодветна постапка да го испита тој дел. Јас после објавувањето на пресудата барав и судска пракса. Судската пракса во однос на овие кривични дела е сосема јасна, таму не се бараат ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил, доволно е лицето да отпочне да гради без одобрение за градба, потенцираше главниот јавен обвинител Јовески.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев и Таравари потврдија дека има ново парламентарно мнозинство

Редакција

Јанчев: Мојот став да се гласа „против“ на референдумот е во согласност со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

Вкупнo 82 смртни случаи од корона вирусот: Почина уште еден пациент со повеќе коморбидитети и тешка форма на болеста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница