еМагазин
Image default
Македонија

Специјалната обвинителка Ристоска за „Рекет“ и Јанева: Дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристoска на денешната прес-конференција апелираше за побрзо расчистување на случајот „Рекет“, но и почитување на пресумпцијата на невиност.

– Стоиме зад работата што досега е завршена, ве уверувам дека сите предмети по кои се постапува се професионално водени и не се загрозени постапките. Наш примарен интерес е зачувување на интегритетот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и секогаш сме постапувале на ниво на задачата за справување со криминалот.

Внимателно го следиме сите случувања и сме подеднакво загрижени, но истовремено повикуваме да се почитува пресумпцијата на невиност. Сите ве уверувам дека дејствијата на поединци не ги отсликуваат сите во СЈО и не смее да ги доведат под прашање интегритетот и постапките кои се видени досега, истакна Ристoска која не даде директни одговори на прашањата поврзани со Катица Јанева, нагласувајќи дека има активна истрага и оти Обвинителството за организиран криминал и корупција е надлежно за овој случај.

Таа кажа и дека предметите кои се во фаза на судска постапка не се доведени во прашање, а не е доведена во прашање ниту истрагата „Империја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Тимот на СЈО затечен: Никој не знаел за оставката на Катица Јанева

Обвинителката Стефанова не стравува дека ќе биде инволвирана во истрагата за „Рекет“

На Катица и е одземен мобилниот за да се провери поврзаност со Боки13

Каков имот пријавила Катица Јанева, која си поднесе оставка и остана без мобилен

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за медицинската сестра од Онкологија која крадела цитостатици, таа е недостапна за органите на прогонот

Редакција

Повлечената аболиција на Иванов е уставна, одлучи Уставниот суд

Редакција

Рашковски потврди за Фокус дека е на одмор со семејството во Мексико

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница