На 17.07.2019 во СВР Скопје М.Т, од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот во ресторан во трговски центар бил физички нападнат од вработените во ресторанот Л.Ч.(34) и Л.Ш.(43) државјани на Народна Република Кина,а во врска со нарачка на храна, информира МВР.
Според пријавата, еден од кинеските државјани со остар предмет се обидел да го нападне М.Т., а другото лице фрлало различни предмети. По преземени мерки, Л.Ч. и Л.Ш. биле приведени во Полициската станица Карпош и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Актерот Милан Тоциновски е човекот кој двајца Кинези го бркаа со сатар низ скопска Лептокарија