еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Сите на див начин, како волци, организираат пропаганда против ДУИ

„Каде им се фактите, нека покажат еден аргумент од десетиците илјади прислушувања дека некој од ДУИ ја има злоупотребено власта и довербата, дали овие луѓе мислат дека Албанците пасат трева и ќе нè казнат нас поради приватни разговори, тие може да имаат краткотраен ефект, но подоцна граѓаните ќе почнат да размислуваат“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети на првото собрание на ДУИ што се одржа во Сарај пред партискиот конгрес.

Тој додаде дека се работи за пропаганда која сите на див начин и како волци ја организираат против ДУИ.

„Дали некој украл, нека ги дадат прислушувањата, дали некој дал наредба за противзаконско дејствување, јас ќе ги поздравам прв од ДУИ ако ги даваат овие факти, но такви нема затоа што ние не сме избрани за да ја изневериме довербата на гласачите. Јас не велам дека нема и ѓаволи, ајде да ги пронајдеме, но не со празни зборови туку со одредени дејствија“, изјави Ахмети.

Фото: Ахмети/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт“, се работи за контрола од инспектори од МВР

Редакција

Нови рочишта за „Титаник“ и „Титаник 3“ на СЈО

Редакција

(Фото) Едниот чини околу 100 евра: Какви ножеви носел Бугарот кој беше приведен пред бугарскиот клуб во Охрид

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница