еМагазин
Image default
Македонија

Русковска: Во СЈО има многу добри обвинители, со задоволство би соработувала со нив

Јавната обвинителка за организиран криминал, Вилма Русковска во интервју за емисијата „Код“ на телевизијата Телма вели дека со задоволство ќе соработува со обвинителите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Како што вели во интервјуто, таа и претходно изјавила дека во тоа Обвинителство има многу добри обвинители, многу способни така што со задоволство би соработувала со нив.

Русковска е предложена од премиерот Зоран Заев да биде прв човек на новата институција која ќе ги интегрира СЈО и ЈО и ќе се нарекува Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.

Во него е предвидено да работат обвинителите од двете институции.

Предлог – законот за јавно обвинителство следна недела треба да влезе во собраниска процедура.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колкави плати ќе земат обвинителите и што ќе се случи со вработените од СЈО: Што пишува во предлог-законот за „новото СЈО“

Каков имот пријавила Вилма Русковска, која Заев ја предлага да го води „новото СЈО“

„Заев ако те сакала Катица вистински ќе ти се врати„: Tвитер за “новото СЈО“ кое ќе го води Вилма Русковска

Русковска е почестена од предлогот на Заев да го води „новото СЈО“, но смета дека е рано за честитки

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Увид во Избирачкиот список од 26 февруари, кампањата стартува на 23 март

Редакција

Во Битола измерена рекордна минусна температурата сезонава – 21 степен

Редакција

24% од 38.019 заболени со Ковид-19 биле вакцинирани, 19% од нив завршиле во болница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница