еМагазин
Image default
Бизнис

Метанско гориво достапно и на бензинската станица на „Макпетрол“ во Гевгелија

Продолжува инвестицискиот циклус во сопствените капацитети на најголемата компанија за нафта и нафтени деривати во државата, „Макпетрол АД“, информираат од компанијата.

Од денеска, на бензинската станица Гевгелија, непосредно по граничниот премин со Грција, потрошувачите ќе можат да наполнат метанско гориво во своите возила.

„Компанијата веќе располага со четири постројки за полнење метан, лоцирани на бензинските станици Влае, Партизанска, Чојлија и Куманово, а оваа, во Гевгелија е петта во мрежата на бензински станици која на потрошувачите им овозможува да го користат метанското гориво.

Исто така, од 1 август оваа година, метанското гориво ќе биде достапно и на бензинската станица во Битола лоцирана на магистралниот патот кон Грција.

Една од примарните цели на работењето на „Макпетрол АД“ е континуирано и сигурно снабдување на потрошувачите со нафтени деривати, биогорива и гас со врвен квалитет според највисоките европски и меѓународни стандарди. Со ова инвестицискиот циклус на Макпетрол не запира, туку напротив продолжува понатаму.

Плановите на компанијата од година во година се сè поголеми, со цел унапредување на сопствените производи и услуги со единствена цел – поголема достапност и задоволство на потрошувачите“, велат од „Макпетрол“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миле Зечевиќ поднесе оставка од Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција

Алкалоид ќе исплаќа дивиденда од 400 денари бруто за акција

Редакција

Обезбеден е природен гас до крајот на месецов, на маса се повеќе опции за снабдување на индустријата по 1 мај

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница