еМагазин
Image default
Локално

Кавадарчанец за 3.000 денари продал 40.000 фалсификувани денари на малолетник

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.Ч.(27), Љ.Т.(30) и С.О.(20), сите од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“, информира МВР.

Во текот на јуни 2019 пријавените набавиле 193 фалсификувани банкноти од по 500 денари, 41 банкнота од по 1.000 денари и банкнота од 2.000 денари, по што второпријавениот дел од нив пуштил во оптек во Кавадарци, а дел од нив во износ од 40.000 денари им ги предал на еден малолетник и на третопријавениот со обврска да му дадат надомест од 3.000 денари.

По ова, тие, дел од фалсификуваните банкноти ги пуштиле во промет, а додека останатите банкноти ги изгореле.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени три лица при пожар во работилница на Железници

Редакција

Бебе во тешка здравствена состојба оставено ма улица во центарот на Велес

Редакција

Му одзел пиштол во менувачница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница