еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Зголемен бројот на ноќевања на Македонци во Солун

За 3,01% се зголемил бројот на ноќевања во Солун на посетителите од Република Северна Македонија во првата половина од годинава во споредба со лани, според податоците од Сојузот на хотелиери од Солун.

Нашата земја се наоѓа меѓу првите 20 држави со најголем број ноќевања, во 2019 од 16-та падна на 17-та позиција, но сепак бројот е зголемен, од 8.404 ноќевања лани на 8.657 оваа година во првите шест месеци, јави дописничката на МИА од Атина.

Туристите од кај нас претставуваат 0,79% од вкупниот број ноќевања во Солун, а земјава се најде и на 22-то место на листата со 25 држави со најголемо зголемување во споредба со лани.

Во однос на вкупниот број, во првите шест месеци од годинава, се регистрира намалување за 16.486 од 1.115. 581 лани за истиот период, сега бројот на ноќевања изнесува 1.099.095.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Врање досега вакцинирани 12.006 македонски граѓани со прва доза и 9.392 со втора доза

Редакција

Се отвора граничниот премин „Маркова нога“

Редакција

Самит на Отворен Балкан: Заемно признавање дипломи, соработка во културата, туризмот и даночните управи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница