еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи лично се ангажирал да се ослободи Томор Морина, поранешен припадник на ОВК, кој беше уапсен пред неколку дена на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион.

Поднесол дури и службено барање до судијката која ја спроведува постапката да му дозволи да го посети.

Кога го прашаа новинарите во кое својство ќе го посети Морина, Османи одговори дека не се вршел притисок врз судството, туку, како што рече, жално било што се случил овој настан, бидејќи влијаел на односите помеѓу Македонија и Косово.

Камо Османи толку да се ангажираше да се екстрадираат од Косово двајцата обвините за случајот „Монструм“, кои се во бегство неколку години.

Има ли нешто пожално од тоа да изгубиш дете, а и правдата да не биде задоволена.

Случајот „Монструм“, се однесува на петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12. април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи лично се ангажирал да се ослободи Морина, поранешен припадник на ОВК

Заев: Мора да се почитува домашното и меѓународното право, Морина ги има сите права

Притвор за Томор Морина, кој беше уапсен во Македонија по потерница на Интерпол-Србија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Редакција

Борисов и Радев фаворити: Денеска парламентарни и претседателски избори во Бугарија

Редакција

Нема ново одложување на пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика Симовски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница