еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Зошто е важно што концесиите за каменоломи во Лабуниште да бидат раскинати

Не е во ред во населено место од 10.000 жители да има шест концесии. Тоа првично не е со начелата за животната средина, но истовремено и за подобрување на животот на сите граѓани. Не може да се подобри животот на граѓаните ако ние ги уринираме сите богатства што се на оваа локација. Истовремено да ги уништиме патиштата, да направиме прашина и слично. Се отвораат работни места, некој може и да изгуби работно место, но компромис со здравјето на граѓаните нема.

Ова вчера го истакна министерот за економија Крешник Бектеши при посетата на струшко.

Инаку, осум илјади жители на ова село секојдневно мака мачат со загадувањето од каменоломите кои се лоцирани во непосредна близина на самото село. При живот во чиста природна средина тие секојдневно голтаат прашина.

„Не им беше доволно што уништија се останато, па ја уништија и природата и планините со изградби на каменоломи, и затоа денес стигнавме до оваа алармантна состојба. Седум од осум каменоломи се изградени со дозвола на поранешната власт во текот на нивниот четиригодишен мандат.

Одговорноста треба да се бара кај тие што дадода согласност и дозвола за да денес сме во оваа состојба“, велат од Одделението за односи со јавност при Општина Струга.

Фото: Мета.мк

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Уништена шума на Водно: Само напред, се уништете, без закони и прописи

Редакција

Владата одобри 60 милиони денари за чистење на линданот во ОХИС

Редакција

Националниот парк „Шар Планина“ до Владата испрати барање за раскинување на договорите за изградбата на две мали хидроелектрани во прекрасната Лешничка долина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница