еМагазин
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Кој е Јосеп Борел: „Стар шпански волк“ на местото на Федерика Могерини

Актуелниот министер за надворешни  работи на Шпанија, 72-годишниот Јосеп Борел да биде нов комесар за надворешната политика на ЕУ на местото на Федерика Могерини чиј мандат истекува во октомври, предложи Европскиот совет.

Борел, кој е инженер по аеронаутика, економист и професор по математика е „стар волк“ и со политика почнува да се занимава уште во седумдесетите години од минатиот век.

Тој е член на Социјалистичката партија на работниците и во текот на својата богата политичка кариера извршувал повеќе државни функции, а бил и претседател на Европскиот парламент.

Тој бил оженет со францускиот социолог Каролина Мајер со која има два сина, дипломатот Хуан и пилотот Лионел.

Двајцата се развеле во 1990 година, а од 1998 година наваму Борели е во врска со Кристина Нарбона, претседателка на неговата матична партија и поранешна министерка за екологија со која и се оженил во во јули, минатата година.

Фото: Влада на Шпанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отфрлена кривичната пријава во врска со планинарската несреќа на Кајмакчалан во која загинаа Калина Велевска и Александар Миновски

Редакција

Дизелот поскапува, цената на бензините останува иста

Редакција

Трошоците за адвокати, вештачењата и времето поминато во притвор ќе им платиме на тие што им застарија предметите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница