еМагазин
Image default
Локално

Повреден скопски моторџија по експлозија на автомобил во движење

На 08.08.2019 во 20,10 часот во СВР Скопје, Љ.П.(41) од с.Волково,скопско пријавил дека истиот ден околу 19,30 часот додека се движел по улицата ,,Бутелска’’ со патничко моторно возило марка ,,Застава 128’’ со скопски регистарски ознаки, забележал чад од моторот по што избувнал пламен, кој го зафатил целото возило, а потоа дошло и до експлозија од вграден плински уред во возилото, информира МВР.

Во моментот на експлозијата во близина бил Г.В.(46) од Скопје кој управувал моторцикл со скопски регистарски ознаки и бил зафатен од пламенот при што се здобил со повреди.

Г.В. бил префрлен во комплексот клиники ,,Мајка Тереза’’ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сандаци со куршуми пронајдени на плажа во близина на хотел во Струга

Редакција

Чини 50 денари: Пуштен во употреба билетот за едно возење во автобусите на ЈСП

Редакција

Шестте повредени лица при експлозијата на боца во Матејче се со изгореници на лице и раце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница