еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Миле Јанакиески пуштен во домашен притвор

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески вечерва од истражниот затвор „Скопје“ е спроведен во домашен притвор.

Неговиот адвокат Еленко Миланов за Сител потврди дека притворот му е заменет со домашен притвор со одлука на Апелацискиот суд, кој вчера ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30-дневниот притвор.

Јанакиески беше приведен на 29 јуни по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал, заедно со уште неколку лица, поради соменение за незаконска продажба на државно земјиште во центарот на Скопје, случај познат како „Шпански скали”.

Јанакиески, покрај за продажбата на државното земјиште, е осомничен или обвинет и во неколку предмети на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), како и за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година.

МИА/Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец ги претепал двегодишното дете и сопругата

Редакција

ДУИ незаконски се финансирала во 2021

Редакција

Во Кривичен рочишта за „Тврдина 2“ и „Титаник“ на СЈО

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница