еМагазин
Image default
Локално

Еден починат и петорица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес, информира МВР.

Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезнат маж од каменичка Дулица пронајден мртов

Редакција

Нема да има превоз со ЈСП додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје

Редакција

ЈСП Скопје апелира да се носи маска во автобус

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница