еМагазин
Image default
Бизнис

Убава вест: Зголемен бројот на странски и домашни туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2019 година изнесува 119.334, а бројот на ноќевањата изнесува 264 821. Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 %.

Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.6 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Домаќин во кумановски казина се однесувал „недомаќински“

Редакција

УЈП почнува со достава на „претпополнети“ даночни пријави

Редакција

Нови директори на ЕСМ Снабдување со топлина, ЕСМ Топлификација Битола и Енергетика

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница