еМагазин
Image default
Македонија

Брза помош во Кривичен каде се одлучува за притворот на Јанева

Возило на брза помош пристигна денеска пред Кривичниот суд, каде се наоѓа специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која треба да биде изведена пред судија во претходна постапка во која ќе се одлучува по барање на Јавното обвинителство за одредување мерка притвор.

Медицинскиот тим на брзата помош влезе во зградата на судот, кусо откако таму пристигна и адвокатот на Јанева, Стеван Павлески. Тие влегоа во зградата и по кусо време излегоа и го напуштија местото.

Не одговорија на прашањата на новинарите дали евентуално интервенирале поради влошена здравствена состојба на обвинителката.

Изутринава по долго боледување починала мајката на Катица Јанева, погребот е закажан за утре, а нејзиниот адвокатот при влезот во Судот, рече дека секако ќе побараат да и се овозможи да замине на погребот и оти такво нешто и адвокатите не ни треба да бараат, тоа се подразбира.

Претходно обвинителката Вилма Рускоска кажа смртниот случај нема да влијае на барањето за притвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сериозни ли се со мебелов, абе парите кај се?! “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева

Утрово починала мајката на Јанева, Рускоска вели дека тоа нема да влијае на барањето за притвор

(ВИДЕО) Запленет мебел од куќата на Катица Јанева

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прекршочни налози за повеќе општински советници, директори и членови на управни одбори кои истовремено извршуваат и други функции

Редакција

Судење за насилството во Собрание: Што се допишувал Мукоски на вибер со Пишев, Тарчуловски, Јанакиески…

Редакција

Убава вест: Оздравени 86 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница