еМагазин
Македонија

Европската комисија не го коментира притворот на Јанева

Европската комисија засега се воздржува од коментари за случајот „Рекет“ и вчерашната одлука за притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, порачаа портпаролските служби на ЕК за МИА.

Сепак, од Европската комисија нагласуваат дека од македонските власти се очекува темелна истрага.

– Не коментираме тековни истраги, ЕУ потсетува дека е важно да продолжи борбата со корупцијата од високо ниво и да се воспостави правна одговорност за секаков криминал – стои во кусиот одговор на Европската комисија до МИА.

Извори во Европската комисија, која одигра значајна улога во создавањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за време на преговорите од Пржино, велат дека од блиску се набљудуваат настаните во Северна Македонија околу случајот „Рекет“ и дека засега во ЕК немаат јасна слика за тоа што точно се случува.

– Ситуацијата е многу комплексна, и чекаме да добиеме појасна слика и повеќе информации за да можеме евентуално да коментираме – велат дипломатите во Брисел.

Работата на СЈО, борбата против корупцијата и организираниот криминал се меѓу клучните услови за добивање датум за преговори во октомври, датум кој досега два пати беше одложуван.

Во Брисел никој не сака да шпекулира дали и како ќе се одразат последните случувања врз одлуката за доделување датум за преговори, но проценката е дека доколку власта и опозицијата во Северна Македонија покажат одлучност да се справат со корупцијата и да изнајдат трајно и убедливо взаемно решение, датумот сѐ уште е на дофат за земјата во октомври, коментираат за МИА дипломатите во Брисел.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За синот на Катица Јанева нема доволно докази дека е вмешан во „Рекет“

Колкава затворска казна може да добие Јанева, доколку биде осудена за „Рекет“?

Катица го продаде СЈО и правдата за мебел?

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 240 случаи на Ковид-19, четворица починати, оздравени 446 лица

Редакција

Детален преглед по болниците: На инфективните одделенија низ Македонија се лекуваат 812 пациенти со Ковид-19

Редакција

СДСМ: На прославата на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше ниту еден претставник на дипломатскиот кор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница